3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Забрчанец на ФБ: Мицкоски бара да го оставиме Груевски, тој бил само негов!

Фејсбук статус на Марјан Забрчанец:

Мицкоски бара да го оставиме Груевски, тој бил само негов!

Мицкоски не го дава Груевски, бара да го оставиме, да не зборуваме за него, оти тој бил само негов, нивната врска била силна и нераскинлива, да не сме им се мешале.

И навистина, Мицкоски е во право, силна е таа врска меѓу шефот и извршителот, еве прочитајте.

Од април 2017, Мицкоски му беше шеф на кадровската комисија на Груевски, а од јуни 2017 и генерален секреатар на партијата. Мицкоски бил десна рака на Груевски на локалните избори во 2017 година, кога доживеаа катастрофален пораз. Неразделни во поразот.

Мицкоски беше советник за енергетика на Груевски во Владата во периодот 2015 – 2017, нереазделни за време на бомбите, протестите и најголемата криза на Груевски.

Мицкоски денес управува со партијата од истата криминална луксузна палата која ја изгради Груевски, ужива во тој раскошен амбиент со теписи, лустери, барок, исто како и неговиот шеф.

Главни гласноговорници на ВМРО-ДПМНЕ се истите кадри на Груевски: Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев, Александар Николоски, Мисајловски, Влатко Ѓорчев, стари политичари со стари груевистички идеи.

Мицкоски, исто како и Груевски ќе терал правда со Михајло Маневски и Владимир Панчевски перјаниците на „Сваровски судството“.

Економската програма му ја прави министерот за финансии на Груевски. Чкртнал „Преродба“, пишал „Обнова“.

Груевски и натаму е почесен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, партијата која ја води Христијан Мицкоски.

И долговите од 8 милиони евра тврди дека му се од времето на Груевски.

Не го чепкајте Груевски, тој е на Мицкоски.

Спонзорирано: