10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Семејна трагедија кај Тузла: Го застрелал синот и ја ранил сопругата, по што се самоубил

Две лица загинаа, а едно е тешко повредено во семејна трагедија којашто се случи утринава во семејна куќа во близина на Живиница кај Тузла, Босна и Херцеговина.

Како што објавуваат тамошните медиуми загинал 33- годишниот Адмир Мујчиновиќ, во кого пукал неговиот татко Зијад Мујчиновиќ (54), додека Зада Мујчиновиќ е повредена и успеала да побегне.

Според првичните информации, Зијад Мујчиновиќ со пиштол ја ранил неговата сопруга Зада , но таа избегала од куќата, по што испукал неколку истрели кон синот Адмир и го убил. Потоа се самоубил.

Истрагата е во тек и тие ги утврдуваат сите околности што доведоа до оваа семејна трагедија./Makfax

Спонзорирано: