10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Мицкоски нема став за клучните прашања: Бил во толпата на крвавиот 27 април, не го поздрави Протoколот за НАТО, не гласаше за Законот за ЈО

-Вие држите морални предавања за 27 април, за настан во кој и вие бевте учесник во толпата која сакаше да ме убие. Ве видовме на сликите и сега држите морални предавања што е исправно, а што не е… Па треба да се засрамите од моите лузни. – реагираше претседателот на СДСМ, Зоран Заев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 додека на Мицкоски му објаснуваше дека за инцидентите во парламентот била направена јасна дистинкција помеѓу насилниците и оние кои биле изманипулирани и затоа едните се во затвор, другите не се.

Освен што Заев му укажа на Мицкоски дека треба да е засрамен што бил дел од толпата за време на немирите, му посочи дека исто така треба да е засрамен што не го поздрази членството на Македонија во НАТО.

-Цела Северна Македонија апладауираше, целиот народ го поздрави членството во НАТО, Мицкоски не можеше да смогне сили и да ракоплекса за тој свечен историски чин, за исполнување на нашата стратешка цел, по ратификацијата на Протоколот за членство во НАТО – изјави Заев и посочи дека циничната политика на ВМРО ДПМНЕ ќе ја препознаат граѓаните на избори.

Уште една лицемерна политика на Мицкоски е тоа што го штити криминалот на партијата и не сакаше да го гласа Законот за Јавно обвинителство. Со тој потег Мицкоски застана против правдата и против предметите на СЈО.

-Цела меѓународна заедница и огромен дел од експертската јавност го потврдија и го поздравија законот за ЈО и сите предмети и предистраги на СЈО се гарантирани со законот. Само ВМРО-ДПМНЕ и извршителот Мицкоски се против затоа што го бранат криминалот, истакна и додаде дека законот важи еднакво за сите, а сите докази прифатени од обвинителството се валидни.

Заради ваквите деструктивни политики на ВМРО ДПМНЕ, победата на изборите ќе ја однесе коалицијата на СДСМ, сега засилена и од БЕСА, што е прв пример на предизборна коалиција со партија на Албанците.

„Сите цели ние ги остваривме, ние денес сме членка на НАТО и светол пример во Европа, цел свет зборува со суперлативи за нас. Колку побрзо ВМРО-ДПМНЕ ги научи овие лекции толку подобро. Казната што на овие избори ќе ја добие ВМРО-ДПМНЕ ќе му даде шанса да се реформира и европеизира.“ – заврши Заев.

Од ова соочување испливаа големи слабости на Христијан Мицкоски, кој немаше ставови за клучните политички прашања. Во политиката, ако немате став, немате ништо.

Спонзорирано: