Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Заев во „Само вистина“: СДСМ е во победничка коалиција на партии од сите етнички заедници обединети околу иднината,

„Конечно СДСМ има коалиција во која има партии од сите етнички заедници и тоа е важно за општеството и граѓаните. Второто е дека носи пратеници плус по некои проценки од 5 и до 7 пратеници, па може и повеќе. Трета значајна работа е што оваа ги менува досегашните политики на етнички партии, денеска имаме идеолошки партии кои се обединуваат и настапуваат пред граѓани, сега имаме идеолошка коалиција, граѓанска и верувам дека тоа граѓаните ќе го ценат на денот на изброите преку глас плус од тоа што сите партии внатре во коалициите го имаат како потенцијал. Сите се обединија, ние обединуваме, Македонци, Албанци, Срби, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, сите, изјави претседателот Зоран Заев во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија.

Тој додаде дека коалицијата е отворена за сите партии кои се подготвени да се променат на подобро, кои научиле од своите грешки и дека се добредојдени сите кои веруваат во вредностите што носат подобар живот.