11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Судите и обвинителствата се независни институции, власат не се меша во нивната работа како пред 2017 година

Со маршот за правда упативме порака дека ја завршивме работата до крај, дека извршната и парламентарната власт ја завршија работата, а сега народот по донесување на законот за јавно обвинителство очекува практична примена на законите, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев на дуелот со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Претседателот Заев додаде дека се упати порака до судството дека нема да се дозволи да се застарат предмети, да се враќаат повотрно од почеток, да се чуваат во фиока.

Судите и обвинителствата се независни институции, власат не треба да се меша, како што тое беше до 2017, па ние се боревме против тоа, судовите треба да судат врз основа на докази па и да донесуваат ослободителни пресуди, порача Заев.

Спонзорирано: