10.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев на „Само вистина“: Се што правите за Законот за ЈО е за да ги заштитите Груевски, Димовски, Јанушев од одговорност

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев во вечерашното ТВ соочување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 Телевизија рече дека се што Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ прават во однос на Законот за Јавно обвинителство е со единствена цел да ги заштитат од одговорност функционерите на ВМРО-ДПМНЕ.

– Пуштете ги предметите, кого тоа штитите? Се што правите правите за да ги заштитите криминалците во оваа држава, Никола Груевски, Илија Димовски, Игор Јанушев, Антонио Милошоски и други од старото раководство на партијата, само тоа ви е интересот. Законот е потврден и од меѓународната заедница која секогаш сме ја почитувале, рече Заев.

Вие немавте никаков интерес да се донесе Законот, единствено ви е важно да го заштитите криминалот, па не е важно каде ќе оди државата, заклучи Заев.

Спонзорирано: