12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев: Денеска сме членка на НАТО, а ЕУ треба да донесе одлука за датум за започнување на пристапни преговори, но важна е европеизацијата на земјата

Денеска сме членка на НАТО , ЕУ час поскоро треба да ја донесе одлуаката за започнување на пристапни преговори, но јас нема да ги подигнувам очекувањата по октовмриската историска грешка на Брисел, само ќе кажам, дека направивиме се и повеќе од тоа, нагласи претседателот на СДСМ Зоран Заев на дуелот со првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, на емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Заев нагласи дека ние ја завршивме нашата работа, важно е што граѓаните знаат дека парламентарното мнозинство владата и СДСМ ги исполни сите очекувања, за се што беше јасно и прецизно побарано од нас како земја кандидат.

Тоа го потврдија од ЕУ со извештајот, а со усвојување на законот за ЈО дадовме аргумент повеќе, порача Заев.

Тој додаде дека носењето на сите овие реформиски закони е важно за овој народ, бидејќи ние ја европеизираме државата.

Ние ги исполнивме своите очекувања, а јас верувам дека ЕУ ќе ги исполни своите ветувања кон македонските граѓани, нагласи претседателот Заев.

Спонзорирано: