3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ватикан: Папата не се чувствува добро, ги откажа официјалните аудиенции

Папата Френциско, за кого Ватикан вели дека „не се чувствува добро“, ги одложи сите официјални аудиенции, но работи од неговата резиденција. Ватикан не даде детали за неговата здравствена состојба.

На аудиенцијата во средата медиумите известуваат дека папата имал треска, зборувал со засипнат глас и и кашлал на вечерната миса. Портпаролот на Ватикан, Матео Бруни, изјави дека осумдесет и тригодишниот папа ги поздравил насобраните луѓе на утринската миса во параклисот на домот Света Марта, но дека папата не се чувствува добро.

Тој требаше да се сретне со извршните директори на Мајкрософт, ИБМ и други технолошки компании./Makfax