11.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Швајцарија забранува јавни собири поради коронавирусот

Швајцарската влада објави дека ги забранува сите „јавни и приватни“ собири во земјата, како мерка за да се спречи ширењето на коронавирусот. Мерката ќе стапи на сила веднаш и ќе трае до 15 март.

Владата соопшти дека мерката се очекува да обезбеди ефикасна заштита на луѓето во Швајцарија и јавното здравство и би требало да го спречи ширењето на вирусот во земјата.

Мерката ќе влијае и на годишниот саем за автомобили во Женева, што се одржува од 5 до 15 март и привлекува десетици илјади посетители секоја година./Makfax

Спонзорирано: