11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Читателите на Centar.mk одлучија: Зоран Заев (66%) е победник во тв дуелот со Христијан Мицкоски (29%), а 5% рекле ниту еден

Лидерот на СДСМ Зоран Заев е победник  во ТВ дуелот на Канал 5 кој се оддржа вечерва, одлучија читателите на еден од најугледните македонски медиуми за вести Centar.mk.

Според читателите на анкетата која траеше додека се оддржуваше тв дуелот и гласале вкупно 1.437 гласачи до 21 часот и 30 минути, дури 66 проценти односно 954 гласови одлучија дека победник е Зоран Заев, лидер на СДСМ.

За Христијан Мицкоски гласале 412 читатели, односно 29%.

5 проценти од читателите рекле дека ниту еден од посочените не е победник на ТВ Дуелот.

Напоменуваме дека анкетата беше во живо и се одвиваше под секој објавен текст на порталот Centar.mk, можеа да гласаат сите граѓани по еднаш од еден уред. Траеше околу 1 час и 10 минути, односно од 20 часот и 20 минути до 21 часот и 30 минути.

Спонзорирано: