15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ: Во Србија нема заразени со коронавирус

Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека во Србија не постои коронавирус. Тој посочи дека е направен детален план во случај заразата да стигне и во Србија, објави „РТС“.

По состанокот во претседателството, Александар Вучиќ изјави дека разговарал со сите вклучени во превенцијата, но и со сите одговорни за решавање на проблемите доколку во Србија се појави коронавирус.

„Нема заразени со коронавирус во Србија. Ова го кажувам затоа што сме изложени на неверојатна кампања со лаги и невистини на социјалните мрежи – од тоа дека две лица починале на Клиниката за инфективни болести, до тоа дека луѓето шетаат во скафандери. Никој не починал и не само што нема жртви, туку нема ни позитивни на коронавирусот“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека се договорени мерки за превенција и мерки за итен одговор на сите надлежни органи во Србија во случај на коронавирус.

„Предвидовме сè до најмалите детали“, уверува Вучиќ./Makfax

Спонзорирано: