17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО ДПМНЕ маршираа, но не научија да ја пишуваат буквата И: 3АЕВ Е КРNВ

Правдата е нападната од неправдата, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот протест, каде на почеток ја повторија грешката која за време на режимот им беше синоним а тоа е дека не успеваат да се снајдат со кириличната И, па ја пишуваат латиничната N, миселијќи дека тоа е И.

Вели дека судската и обвинителската власт се брутално згазени, а и оти аудио-материјалот покажал дека, како што рече, мафијатаја одзела слободата и правдата во Македонија.

– Тоа е мафија која три години е сојузник на криминалот. Тоа е мафија која диктира обвиненија и пресуди. Мафија која го негува режимот на Зоран Заев. Но, за сето ова е највиновен самиот Заев. Тој е виновен затоа што во исто време е премиер, обвинител и судија. Тој е главен рекетар и трговец со виталните органи на Македонија. На човекот не му е тешко да украде и да се посрамоти, но само не му барајте да биде чесен, оти тоа му е најтешко. Слушнавме во снимките која била реалноста. Ќе се обидам да цитирам: без Заев не се може, трас-трас. Па така, ако Заев е капо ди тути капи на мафијата, тогаш неговите советници и неговите верни заштитници се Вилма Русковска и Љубомир Јовески, истакна Мицкоски.

Посочи дека кога ќе дојде на власт на 12 април, никогаш нема да се меша во судската власт како што тоа досега го правел Заев.

Спонзорирано: