7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владејачката СДСМ вечерва распали: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по налог од Будимпешта вечерва маршираа за правдата да не го стигне нивниот шеф Груевски и сите нивни функционери кои чекаат одговорност за сторените криминали

Исплашени од одговорност, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски по налог од Будимпешта вечерва маршираа за правдата да не го стигне нивниот шеф Груевски и сите нивни функционери кои чекаат одговорност за сторените криминали, порачаа вечерва од владејачката СДСМ.

– Извршителот Мицкоски вечерва призна – најголема негова болка е Законот за Јавно обвинителство кој обезбедува продолжување на сите предмети, кој е темел за градење силно и независно судство и обвинителство.

Откако не му успеаја блокадите, деструкциите и заканите во Собранието, Мицкоски вечерва маршираше за неправда, против одговорност и против независно судство и како во годините на режимот со закануваа кон судии, обвинители, новинари и медиуми.

Маршираше Мицкоски, а зад него старите, верни послушници и кочничари на европската иднина на државата, кочничари и уништувачи на правдата!

Борбата за амнестија на нивниот криминал не може да биде и не е борба за правда, а стечајниот управник Мицкоски нуди само правда во стечај.

Мицкоски, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да се борат за правда. Не можат да носат правда тие кои носат неправда, тие кои се бегалци од правдата, тие кои се заглавени во криминал и корупција.

ВМРО-ДПМНЕ и понатаму е водено од обвинетите Антонио Милошоски, Илија Димовски, Игор Јанушев и нивните шефови Груевски и Мицкоски.

Тие ќе одговараат пред правдата. Тие се симбол на неправда и криминал.

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ може да протестира против правдата, но криминалот на својот шеф Груевски и своите пајташи нема да го одбрани. Ќе има одговорност за сите криминали и незаконски постапки, порачаа од владејачката СДСМ.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T

СДСМ: Пари и тендер вреден 136 милиони евра е причината за кавгата на Мицкоски со Арсовска

M T