7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски утре ќе организира контра протест

Христијан Мицкоски, првиот човек на ВМРО ДПМНЕ најави контра протест за утре во 18 часот.

Контра протестот се очекува да започне во 18 часот пред Обвинителството и ќе се движи кон Врховниот суд.

Контра протестот доаѓа, откако социјалдемократите минатата недела организираа марш за правда со слична тематика, а маршот тогаш започна од пред парламентот и заврши пред основниот суд во Скопје.

Мицкоски на денешниот прес побара одговорност од поранешниот премиер и лидер на СДСМ Зоран Заев по вчера објавената нелегално прислушкувана аудио снимка на која се слуша како Заев зборува за Законот за јавно обвинителство и Врховниот суд.

Според Мицкоски, Заев јавно ја признал автентичноста на нелегално сниманата аудио снимката.

-Суштински аудио материјалот покажува дека Заев е виновен за неправдата и тука се клучни три работи што се откриваат. Прво, имаме јавно признание дека Заев ја злоупотребил службената должност диктирајќи одлуки на Врховен суд. Второ, тој јавно признава дека се влечат случаите и дека таа негова стратегија ја знае и СЈО и Катица Јанева која била свесна за сето тоа и трето, шемата како да паднат случаите била јасна или закон за обвинителство или „трас – трас“ одлука на Врховен суд. Значи, освен премиер бил и судија и обвинител, рече Мицкоски на прес-конференција.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ обвини дека државното Обвинителство за сето ова молчи, како и сите други надлежни.

Спонзорирано: