5.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Костадинов на Топ Тема: Со снимката на Милошоски не се компромитира СДСМ, со „бомбите“ на СДСМ се разобличува целото режимско владеење

Костадинов на Топ Тема: Со снимката на Милошоски не се компромитира СДСМ, со „бомбите“ на СДСМ се разобличува целото режимско владеење

„Има разлика во прислушуваните разговори, оние на СДСМ и овие на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа што го пушта Антионијо Милошоски не е целиот разговор, зошто е тоа така? Го повикав Милошоски дека може да ги поднесе материјалите до Јавното обвинтиелство затоа што тоа е друго, поинакво обвинтиелство и ако има докази ќе постапи. Оваа снимка не ја компромитира ниту партијата, ниту претседателот Заев. Апсолутно, тоа што го слушнавме, без разлика дали е правена корекција на снимката, со ниту еден збор не е нарушено ништо. Се работи за продолжување на континуитетот на предметите на СЈО, а Вангеловски знаете дека со години чувал предмети во фиока“- изјави Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Тој посочи дека ВМРО ДПМНЕ нема право да зборува за правосудниот систем затоа што 11 години го контролирал преку свои инсталации.

„Имавме 26.000 прислушувани граѓани и тогаш имавме можност да слушнеме се за правосудството во време на ВМРО-ДПМНЕ, таму слушавме како се нарачуваат процеси, лустрации, притвори и пресуди. Тоа се сериозни повреди на човековите права, тоа се сериозни сомнежи за криминал, од кој ВМРО-ДПМНЕ се уште се обидува да избега, но јас уверувам дека правда ќе има и секој што погрешил ќе одговора“- заклучи Костадинов.

Спонзорирано: