10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина го забрани тргувањето со диви животни

Во екот на борбата против коронавирусот, Кина денеска одлучи да забрани нелегална трговија и прехрана со диви животни.

Во клучен момент за контролата на епидемијата од коронавирус, Постојаниот комитет на Народниот кинески конгрес донесе посебна одлука со цел веднаш да се забрани употребата на диви животни во исхраната, како и незаконската трговија со диви животни, со цел да се извојува победа во борбата со вирусот и да се заштити здравјето на жителите, пренесоа кинеските медиуми.

Според сегашните законски правила со кои се забранува употреба на диви животни во исхраната, забраната е ограничена на диви животни под државна заштита и други диви животни без законско потекло.

Најновата одлука поддржува сеопфатна забрана за исхрана со животински свет и предвидува казни за прекршителите.

Оваа одлука денеска и официјално стапи во сила./Makfax

Спонзорирано: