9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Хаос во Италија поради коронавирусот – граѓаните со часови чекале во ред за да пазарат, во продавниците празни полици

Во неколку помали италијански места во регионот на Ломбардија и Венето, каде живеат вкупно околу 50 илјади жители, од вчера на сила стапи строг карантин.

Затворени се продавници, ресторани, барови, не се одржуваат миси, одложени се карневалските прослави, затворени се градинките, одложени се спортски турнири и сите видови собиранки. Не вози дури ни јавниот превоз.

Заштитни маски веќе одамна нема во бројни аптеки. Една аптекарка изјавила дека нема повеќе заштитни маски ни за сопствени потреби.

Жителите со часови седеле во колона на супермаркет за да купат намирници, но полиците биле празни.

Од Италија пристигнуваат фотографии од празни полици во продавниците и луѓе со маски кои чекаат редици.

Коронавирусот во Италија е откриен минатата недела, а веќе денеска над 150 луѓе во таа земја се заразени.

Досега починале 4 лица.