17.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈААНАЛИЗАТОП ВЕСТИ

Анализа: Се е исто во ВМРО-ДПМНЕ, само него го нема:  Мицкоски може да ветува само обнова на режимот на Груевски

Нема никакви промени во клучните гласноговорници на најимотната партија во Европа со долг од 8 милиони евра, и покрај јаловите обиди на ВМРО-ДПМНЕ да прикаже некаква дистанца од осудениот бегалец од правдата во Будимпешта.

Сегашниот „герилец“ и „бомбаш“ Антонио Милошоски беше централен пион на Груевски, негов министер за надворешни работи со кој заедно преговараа со Грција за „сложено име посложено здравје“ и „да нема скратено име Македонија“. Милошоски е познат ширач на лажни вести кој неколку пати досега беше демантиран од повеќе европски центри.

Веднаш до Милошоски е Илија Димовски, уште еден познат ширач на лажни вести и шеф на Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ во времето на Груевски.  Пратеникот кој цела јавност го слушна како им се заканува на други пратеници дека ќе ги „спружи на насловна“,  сега излажа дека се фатени 1.3 тони кокаин во Македонија.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски му беше министер за транспорт на Груевски, одговорен за катастрофално изведените автопатишта. И потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николовски беше меѓународен секретар на ВМРО-ДПМНЕ во време на Груевски и гласен подржувач на неговиот режим.

Христијан Мицкоски беше дел од Републичкиот изборен штаб на ВМРО-ДПМНЕ кога Груевски спроведуваше криминални избори и негов советник за енергетика кога струјата поскапе за 100%.

И навидум новите лица во ВМРО-ДПМНЕ се стари ликови од режимот на Груевски. На пример, Наќе Чулев, бил дел од државното разузнавање на Ѓорѓе Иванов во време на акцијата во Диво Насеље.  Сегашната дополнителна заменичка за финансии, Гордана Димитриеска – Кочоска во времето на режимот на Груевски беше директорка за финансии во АД ЕСМ кога Мицкоски беше генерален директор. Родителите на Рашела Мизрахи се дел од Управниот одбор на Фондот на Холокаустот на Евреите во Македонија кога член на истиот одбор е Мартин Протуѓер, најблискиот соработник на Груевски.

Во ВМРО-ДПМНЕ се чини дека сè е исто, само него, почесниот претседател Груевски, го нема. Иако е избеган од правдата во Будимпешта, Никола Груевски очигледно цврсто ги држи конците и на партиската инфраструктура, и на партиската пропагандна машинерија која се подмачкува со реклами за маслиново уље од Унгарија.

Со старите кадри од режимот на Груевски, ВМРО-ДПМНЕ може да ветува само обнова на режимот, а не и обнова на Македонија.

Спонзорирано: