7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Ваљдете и дала на тетка си 12.000 евра за погреб- нови детали за полицајката која го уби целото семејство

Албанските медиуми откриваат нови детали за полицајката Ваљдете која го уби целото семејство во Гњилне, а се наведува дека во времето помеѓу убиството и самоубиството во куќата дошла и нејзината тетка и со синот, а Ваљдете ги спречила да влезат во куќата и да ги видат телата велејќи им дека тие се зафатени, а таа брза.

Ваљдете која ги убила родителите и двајцата браќа, била сама со мртвите тела во куќата неколку часа.

Кога на вратата чукнала нејзината тетка, таа и рекла дека се зафатени. Ја затворила вратата, а кога се свртеле да си одат и малку се одалечиле од вратата слушнале пукање. Тоа било моментот кога полицајката си пресудила себе си.

Веднаш повикале полиција која затекнала ужасна слика во куќата.

Порталот „Репортери“ пишува дека таа долго време го планирала убиството и дека претходниот ден ја прашала тетката колу чини погреб, па и дала наводно 12 илјади евра, но не и кажала за што. Се воспоставило дека тие пари биле за погреб.

Во албанските портали се појави и информација дека на Ваљдете и било одземени и оружјето бидејќи имала ментални проблеми, но најверојатно таа го украла пиштолот и го извршила убиството.

Соседите пак раскажале едно поинакво можно сценарио, дека кога си дошла од работа го затекнала братот како пука на семејството, па таа за да го спречи го убила и си пресудила себе си.

Меѓутоа според полициските извештаи ова тврдење е демантирано бидејќи е пукано само од едно оружје и секој од членовите на семејството е убиен со најмалку два куршуми од оружјето најдено во нејзините раце.

Потсетуваме дека во домот во Гњилане, Блаца со службениот пиштол пукала во мајката Нанифа (66), таткото Зекир (70) и двајцата браќа Блерим (33) и Фисник (34).

Спонзорирано: