23.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ делеше тендери во партија и по телефон, а денес конструира непостоечки случаи, постапките во МО се транспарентни

ВМРО-ДПМНЕ делеше тендери во партија и по телефон, а денес конструира непостоечки случаи, постапките во МО се транспарентни, реагираат од СДСМ на изјава на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ.

„ВМРО-ДПМНЕ продолжува да лиферува измислици и вештачки креирани сценарија, во врска со набавки во Министерството за одбрана.

Со ова ВМРО-ДПМНЕ само го потврдува својот очај, безидејност и немањето што да им понуди на граѓаните, освен лаги и измислени конструкции.

Извршителот Мицкоски знае дека го чека пораз на 12 април и одговорност за сите криминали на режимот. Затоа штанца лажни вести.

Машините за кои обвинува ВМРО-ДПМНЕ, се набавени во јавна тендерска постапка при што до крај се испочитувани сите законски одредби.

За разлика од 11 годишното владеење на ВМРО-ДПМНЕ денес постапките се транспарентни и секоја компанија има можност да конкурира, денес тендерите не се даваат во партија, цените не се договараат тајно и по телефон, како во времето туку со јавно објавени постапки.

Тоа за опозицијата е несфатливо, но тоа е почитување на законот.

Затоа, граѓаните на 12 април ќе го поразат лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ и ќе порачаат режим – никогаш повеќе!“ – се вели во реакцијата.

Спонзорирано: