12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Медиумите кои штанцаат лажни вести, како Алфа, да не се однесуваат како режимска политичка партија, нивната работа мора да биде согласно стандардите

-Наместо како медиуми, дејствувањето на Телевизија Алфа, Република, Курир, Нетпрес и Лидер се повеќе наликува на режимска политичка партија, опонент на владејачкото мнозинство, соопшти денеска СДСМ.

„СДСМ отсекогаш работела и ќе работи на заштита и унапредување на новианрските и медиумските слободи. Денес, сите медиуми критички ја следат работата на Владата и владејачкото мнзоинство.

Но медиумите кои штанцаат лажни вести, како Алфа ТВ и одредени интернет портали наместо да известуваат објективно се однесуваат како режимска политичка партија. Тоа е одлика на едно минато време, кое никогаш веќе нема да се повтори.

Како што објави истражувањето на словеченки медиуми, 2,5 милиони евра црни пари од Будимпешта влегле во медиуми кои преку лажни вести имаат задача да работат против интеграцијата во НАТО и ЕУ. Јавен интерес е овој скандал целосно да се расчисти.“ – се вели во соопштението.

Спонзорирано: