12 C
Скопје
22. април 2021
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Свет ТОП ВЕСТИ

Нови 889 случаи на заразени од коронавирус во Кина

Во Кина се забележани 889 новопотврдени случаи на заразени од коронавирус и 118 починати. Од смртните случаи, 115 се во провинцијата Хубеи, соопштиле од Националната здравствена комисија додавајќи дека вчера се забележани 1.614 нови сомнителни случаи.

Вчера, од болница се пуштени 2.109 лица, кои оздравеле од вирусот.

Дневниот број на новоизлекувани и отпуштени пациенти трет ден по ред го надминува бројот на новопотврдени случаи.

Вкупниот број заболени во Кина достигна 75.465, а починале 2.236 лица.