19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Николоски повторно со измислената релација за сопственоста на објектот со министерот Венко Филипче

Во вечерашната Топ тема на ТВ Телма, Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски повторно со измислената релација за сопственоста на објектот со министерот Венко Филипче.

Лаги, измислици и бескрупулозно замајување на граѓаните со фабрикувани информации, само тоа го слушаме од изјавите највисоките членови на ВМРО ДПМНЕ. Со секојдневните измислици за поврзаноста на министерот Венко Филипче со сопственоста на извесен објект, оваа партија само продолжува да пласира ноторни лаги. Потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски продолжува со тенденциозното наведување на непостоечка релација меѓу министерот Филипче и неговото семејство со овој објект.

Ваквото упорно повторување на истата дезинформација и покрај тоа што е демантирана, и инволвирањето како на службени така и на приватни лица, од семејството на министерот, ги надминува сите граници на достоинствено, етичко и морално однесување на една политичка партија и нејзиното највисоко членство.

Спонзорирано: