3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп го помилува поранeшниот гувернер на Илиноис кој беше осуден за политичка корупција

Американскиот претседател Доналд Трамп објави дека го помилувал поранешниот гувернер на Илиноис, кој беше во затвор поради изнуда, подмитување и корупција.62-годишниот член на Демократската партија осум години помина во затвор, а осуден е на 14 години, бидејќи се обидел да продаде место во Сенатот, кое до изборите за претседател на САД му припаѓало на Барак Обама.

Трамп, во неколку наврати, тврдеше дека Благојевиќ е преостро казнет и веќе во август минатата година најави дека ќе го помилува некогашниот гувернер на Илиноис.

Американскиот претседател објави и други броjни помилувања на осудени лица, меѓу кои и на финансиерот Мајкл Милкен, кој се изјасни за виновен по обвиненијата за кршење на американските закони за безбедност.

Исто така помилуван е и поранешниот началник на полицијата во Њујорк,Берни Керик кој отслужил нешто повеќе од три години затвор за затајување данок и за лажење додека бил интервјуиран за функцијата министер за безбедност.

Трамп ја соопшти веста пред новинарите пред да отпатува за Калифорнија./Makfax

Спонзорирано: