14.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Шекеринска во „Топ тема“: На ВМРО-ДПМНЕ уставното име му пречи само кога треба да се гласа за Законот за одбрана

ВМРО-ДПМНЕ го покажа своето антизападно и анти НАТО лице, и за последните 2 години направи се што можеше да го спречи членството во НАТО, истакна заменик претседателката на СДСМ Радмила Шекеринска во своето гостување во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.

Името ви пречи само кога треба да гласате за законот за одбрана, нагласи Шекеринска, во дебатата со потпретседателот на ВMRО-ДПМНЕ Александар Николовски.

– Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ оди под името Северна Македонија, а сечете вени за „секогаш Македонија“, ама Влатко Ѓорчев се потпишува да се платат трошоци на сметка на Собранието на Република Северна Македонија. Емил Димитриев вашиот поранешен премиер исто така нема проблем со името, ама кога требаше да се гласа за државата за која велите дека сакате НАТО членство да може да ја ужива заштитата во секој момент, за тоа не гласате. И јас денеска навистина можам да тврдам дека ВМРО ДПМНЕ пред 27 години зборувал за НАТО, но во последниве две години направи се што можеше па и нешто што не можеше да го спречи нашето членство во НАТО,заклучи Шекеринска.

Спонзорирано: