3.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово

Специјалниот пратеник на американскиот државен секретар за Западен Балкан Метју Палмер не ја исклучува можноста за размена на територии меѓу Србија и Косово.

„На страните е да ги одредат параметрите на дијалогот“, изјави тој во интервју за порталот „ЕУ обзервер“.

На прашањето во врска со можноста за размена на територии, тој вели: „Она што ние го подржуваме е страните да најдат начин да се вратат на преговарачката маса и да пројандат пат кон нормализација на односите, идеално би било со заемно признавање“.

Палмер не одговорил на прашањето за тоа дали позицијата на САД е спротивна од германскиот став дека размената на територии би можело да го дестабилизира регионот./Makfax

Спонзорирано: