12.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вучиќ најави дека парламентарните избори ќе ги распише на почетокот на март

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека ќе ги распише парламентарните избори во Србија на почетокот на март.

„На почетокот на март, ќе распишам избори и тоа ќе биде најдолгата изборна кампања од речиси два месеци“, рече српскиот претседател.

Тој додаде дека секој што ќе учествува на изборите ќе има време да се претстави во сите медиуми, на сите начини, по сите правила, да зборува за своите програми.Тој им порача на граѓаните дека кога ќе одлучуваат за кого ќе гласаат, најпрво да погледнат кој што направил и кој што може да направи.Вучиќ изјавил дека трпи напади од неговите политички противници заради лична омраза, но и затоа што водел независна политика на Србија, како и политика на воена неутралност и поддршка на српскиот народ во регионот.

Спонзорирано: