5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Три жртви во невремето во Велика Британија

Бројот на загинатите во невремето Денис, кое ја зафати Велика Британија, се искачи на три лица кога е пронајдено телото на 55-годишна жена, која од неделата беше пријавена дека е исчезната.

По невремето, следуваа предупредувања за поплави опасни за живот, издадени се дури 480 предупредувања за поплави во Англија, што досега е најголем број. Метеоролозите предвидуваат дека нивото на реките и понатаму ќе расте, најмногу во делови од северна Англија.

Во Германија, пак, во невремето Денис повредени се девет лица. Невремето предизвика проблеми и во сообраќајот на траектите меѓу Данска и Норвешка./Makfax

Спонзорирано: