21.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Рама: Помошта од донаторите ги надмина сите очекувања

Албанскиот премиер, Еди Рама, изјави дека сумата собрана на донаторската конференција во Брисел за обнова на неговата земја по разорниот земјотрес што ја погоди земјата ги надминала сите очекувања.

По завршувањето на донаторската конференција, Рама ѝ изрази голема благодарност на претседателкaта на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен.

„И 40 отсто од собраната сума би бил успех – ова е волшебно“, изјави Рама кога на конференцијата „Заедно за Албанија“ беа собрани една милијарда и 150 милиони евра.

Донаторската конференција се одржа за помош на Албанија, која на 26 ноември беше погодена од силен земјотрес, во кој загинаа 51 човек, а илјадници останаа без покрив над главата. Конференцијата ја отвори претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен. Во име на институцијата што ја предводи таа вети 100 милиони евра од европскиот буџет за помош на Албанија.

Спонзорирано: