9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Манчевски на Канал 5 ТВ: За разлика од порано денес судовите носат пресуди, доколку е прекршен законот и повредено правото на вработените

Се работи за серија на лажни вести, дека лица вработени во јавни државни институции биле под притисок и налог на директори на институции да дојдат на Маршот „Чекориме за правда“ кој беше организиран од страна на СДСМ. –истакна потпретседателот на СДСМ, Дамјан Манчевски и министер во МИОА во емисијата „Само Вистина“ на Канал 5 телевизија.

Информациите беа проверени и се потврдија за лажни . Наводот дека Катастарот е во мрак е тотално неточна , напротив работеле дежурните шалтери, а за вработените во училиштето во Куманово, тоа е училиште кое работи само прва смена.

Тој посочи дека она што треба да се обезбеди и осигура е заштита на вработените од политички притисоци и нема да се дозволи дамка да падне на овие избори.

Тој ја посочи новата алатка за вработените во јавниот сектор со која ќе можат да пријавуваат прекршување на законите односно биле под некаков политички притисок. Не смееме да дозволиме повторување на минатото, треба да бидеме конкретни со конкретни случаи и институции, а не слепо да веруваме и се потпираме на лажни и непроверени информации пласирани на некои портали.-истакна Манчевски.

За разлика од порано денес судовите носат пресуди, доколку е прекршен законот и повредено правото на вработените има правна завршница.-истакна Манчевски во врска со наводите на прекршување на правата од законот за работни односи во некои одредени случаи.

Сега институциите на системот функционираат.

Главен проблем кај медиумите е ширење на лажни вести, зашто МИОА е министерство кое треба да штити од лажни вести.-истакна Манчевски.

Спонзорирано: