13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТТОП ВЕСТИ

Бројот на смртни случаи од коронавирус порасна на 1.868 лица, почина и директорот на болницата во Вухан

Бројката на смртни случаи од коронавирус во континентална Кина порасна на 1.868 лица, што е 98 повеќе во однос на претходниот ден, објави Националната здравствена комисија.

Во средиштето на провинцијата Хубеи, епицентарот на епидемијата, забележани се 93 смртни случаи, а во главниот град на провинцијата Вухан починале 72 лица. Според кинеските власти, регистрирани се 1.886 нови случаи во целата земја, со што бројот на заразени се искачи на 72.436 лица.

Меѓу починатите е и Лиу Зиминг, директор на болницата „Вухан Вучанг“, јавуваат медиумите.

Информативниот портал Caixin со седиште во Пекинг објави дека повеќе од 3.000 здравствени работници веќе се заразени со вирусот.

Спонзорирано: