9.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
СВЕТ

Врховниот суд одлучи: Жените во Индија може да станат воени команданти

Врховниот суд во Индија пресуди дека жените може да служат како воени команданти отфрлајќи го ставот на владата дека мажите војници не се подготвени да прифатат наредби од женски офицери бидејќи тоа ги вознемирува.

Судот исто така ѝ нареди на владата во Њу Делхи да ја продолжи постојаната служба, која досега се однесувала само на мажите на сите жени офицери, што сигнализира промена нa родовата еднаквост во традиционално машкиот бастион.

Со тоа жените ќе добијат исти можности и корист како и нивните машки колеги, вклучително и чинови, промоции и пензии.

Моменатно жените може да работат до 14 години, а трајно вработување им е дозволено само во правните и образовните сегменти на војската./Makfax

Спонзорирано: