12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

ОАЕ дадоа зелено светло за прва нуклеарна електрана во арапскиот свет

Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) дадоа зелено светло за почеток со работа на нуклеарната електрана во Барака, што ќе биде прва нуклеарка во арапскиот свет, изјави постојаниот претставник на ОАЕ во Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

„Сојузното тело за нуклеарна регулација одобри издавање оперативна дозвола за работа на реакторот 1 на оваа постројка“, рекол Хамад Алкаби.

Тој најавил дека централата набргу ќе почне со работа, без да прецизира датум.

Централата со четири реактори ја изгради конзорциум на чело со „Емиратес нуклеар енерџи корпорејшн“ и „Кореја електрик пауер корпорејшн“.

Се проценува дека изградбата чинела 22,5 милијарди евра./Makfax

Спонзорирано: