11.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Полицајци нападнати со шрафцигер при рутинска контрола

28-годишно момче со шрафцигер нападнал полициски службеници при рутинска контрола. На еден од полицајците се обидел да му го одзеде пиштолот.

-Вчера околу 11.00 часот на регионалниот пат Кратово-Пробиштип, во близина на станица за технички преглед, на место викано „Еленина глава“, полициски службеници го лишиле од слобода Д.К.(28) од с.Шлегово, кратовско, поради тоа што се однесувал агресивно и со шрафцигер се обидел да нападне полициски службеници кои вршеле службени дејствија, а на еден од нив се обидел да му го одземе службениот пиштол. Д.К. бил приведен во Полициската станица Кратово, а по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.

Спонзорирано: