7.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов “распали” по Милошоски и го потсети на прислушкуваните разговори: Како рековте: Горна, Долна, Вардарска Македонија…

Пратеникот на СДСМ Костадин Костандинов, го потсети пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски, на прислушуваните разговори каде тој зборува и му ги спомна предлозите кои самиот тој ги предочил во тоа време.

Оваа реакција дојде како одговор на обвинувањата од страна на Милошоски упатени кон актуелната власт поврзано со Преспанскиот договор и новото уставно име.

„Антонио еве да ве потсетиме – вие преговаравте за името на државата по телефон, но немавте храброст да им кажете на граѓаните дека тоа е проблем кој мора да се решава за иднината на државата. Како рековте: Горна, Долна, Вардарска Македонија… па кажете јавно зашто ги лажете граѓаните. За мене и за сите, патриот е оној којшто обезбедува сигурна иднина за државата и граѓаните, а не оној којшто со сите напори се бори, во случајот, против Преспансккот договор, за кој сите ги знаеме придобивките. Пред неколку дена и вие ракоплескавте за ратификацијата на протоколот за членство во НАТО. “, рече Костадинов.

Спонзорирано: