16.8 C
Скопје
16. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

„Да не помислува извршителот Мицкоски да ја злоупотребува националната и родова припадност на Мизрахи, Уставот и законите важат за сите подеднакво“

Да не помислува извршителот Мицкоски да злоупотребува пол, национална, етничка припадност, висина, како што тоа го направија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ осомничените Милошоски и Димовски, соопшти денеска СДСМ.

„Тие навреди и лаги полни со насочена омраза на национална, етничка и родова основа кои ги искажа ВМРО-ДПМНЕ во Собраниската сала и преку медиумите под нивна контрола покажува колку се во паника извршителите на Груевски.

Победи владеењето на правото и заштитата на Уставот, победи заштитата на стечајците, на иднината на државата и членството во НАТО и ЕУ.

Никој не смее да го крши Уставот и да се обидува да ја враќа земјата назад, да ја оддалечува од НАТО и ЕУ.

Пред Уставот и законот сите се исти. Уставот важи за сите подеднакво.

Северна Македонија мора да биде правна држава, рамо до рамо со европските демократски држави. “ – се вели во соопштението.

Спонзорирано: