Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Кирацовски: Криминалецот со кој се сликавме е во суд, криминалецот со кој се сликавте е во Будимпешта

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски излезе со транспарент на собраниската говорница на која се гледа заедничка фотографија на министерката за правда, Рената Дескоска, техничкиот министер, Оливер Спасовски и првообвинетиот во „Рекет“, Бојан Јовановски, фотографија со Јовановски на говорницата изваде и пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски.

Со оваа фотографија Кирацовски порача дека се прави разлика меѓу владеењето на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.

-Од уста не го извадивте Бојан, ќе почнам да се сомневам. Криминалецот кој се сликаше со нас сега е во суд, криминалецот кој се сликавте заврши во Будимпешта и на телефон ви дава инструкции, порача Кирацовски.

Тој вели дека ако се случело вакво нешто во времето на ВМРО-ДПМНЕ, „парите од бизнисменот ќе се користеа за поткуп на гласачи, а со Јовановски ќе снимавте филм, а телевизијата ќе си постоеше.

Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски пак му порача дека правдата во Македонија ќе дојде, но по 12 април и му порача да ургираат во Обвинителството за да се дознае конечно како избега поранешниот премиер Никола Груевски во Будимпешта.

Во тренд…