11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина ја повикува меѓународната заедница да помогне во борбата против коронавирусот

Кина ги повика сите земји да ги здружат напорите за борба против новиот коронавирус, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ли.

„Коронавирусот ги преминува границите, затоа се потребни обединети напори на меѓународната заедница. Во оваа борба за јавно здравје, најважно е меѓусебното разбирање, довербата и поддршката преку границите“, рече Ванг по разговорот со германскиот министер за надворешни работи, Хаик Мас, во Минхен.

Досега, од коронавирусите починале 1.383 лица, а 64.435 се заразени ширум светот./Makfax

Спонзорирано: