9.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Белград и Приштина ставија потпис за обновување на железничката врска

Утринава во Минхен претставиците на Белград и Приштина потпишаа писмо со намери за обнова на железничкиот сообраќај меѓу двете земји во присуство на српскиот претседател Александар Вучиќ, специјалниот претставник на САД, Ричард Гренел и косовсккиот претседател Хашим Тачи, пренесува српски „Курир“.

Денеска беше потпишана и изјава за намери за завршување на изградбата на автопатот од Белград до Приштина.

„Ова е многу важно поради Србите кои живеат во Грачаница, Косовско поморавје и Сириничка жупа“, рече Вучиќ по потпишувањето, заблагодарувајќи им се на амерканскиот претседател Доналд Трамп и на амбасадорот Гренел за големиот интерес за овој регион.

Косовскиот претседател исто така му се заблагодари на Гренел што го овозможил потпишувањето на ова писмо.

„Ова е уште еден чекор напред по договорот за отворање на авиолинијата Белград-Приштина и многу позитивна порака дека ќе има повеќе мир, работа и економија,“ рече Тачи.

Документот е потпишан во рамките на Минхенската безбедносна конференција.