12.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Запрен сајбер-нападот врз австриското Министерство за надворешни работи

По два и пол месеци австриското Министерство за надворешни работи успеа да го запре сајбер-нападот врз своите ИТ-системи.

„По интензивна работа и одлична соработка на повеќе ресори успеавме да ги исчистиме нашите ИТ-системи и да го запреме сајбер-нападот врз Министерството“, рече министерот за надворешни работи Александер Шаленберг.

Тој истакна дека е обезбедена сигурност на податоците на Министерството и дека не е направена никаква штета на ИТ-уредите.

Додека сајбер-нападот е завршен, истрагата сè уште трае, а познато е дека нападот бил со намера да се соберат податоци.

Врз основа на големината и сложеноста на нападот, не може со сигурност да се каже кој стои зад тоа, се вели во соопштението.

„Шпионажата е сериозно злосторство и затоа не сакаме да обвиниме некого толку лесно“, рече Шаленберг./Makfax

Спонзорирано: