15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Заколнатиот непријател на Меркел ќе се кандидира за нејзин наследник

Фридрих Мерз, стариот ривал и заколнат непријател на германската канцеларка Ангела Меркел во нејзината конзервативна партија ЦДУ, планира да се кандидира за претседател на партијата, пренесоа германските медиуми.

Главниот претставник на десното крило на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), по повеќегодишната центристичка политика на канцеларката, станува можен кандидат за претседател на партијата, по објавувањето на оставката на сегашниот претседателка, што е во услови на политичка криза.

Новиот претседател на ЦДУ во исто време ќе биде кандидат за функцијата канцелар пред парламентарните избори, закажани најдоцна до крајот на 2021 година, и на тој начин ќе има можност да ја наследи Меркел во канцеларската должност која таа ја извршуваше повеќе од 15 години.

ЦДУ е најпопуларна партија во анкетите, иако е во опаѓање.

Фридрих Мерз, 64-годишен адвокат, е решен да се кандидира на партиски избори што би можеле да се одржат пред летото, според дневниот весник „Билд“.

Доколку биде избран за претседател на ЦДУ во наредните месеци, канцеларката со таков ривал во партијата ќе биде под притисок да го заврши својот мандат, кој истекува во 2021 година. Ова може да доведе до предвремени избори.

Сегашната претседателка на Конзервативната партија Анегрит Крамп-Каренбауер во понеделникот ја објави својата оставка./Makfax

Спонзорирано: