18.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Вашингтон во потрага по преговарач за контрола на оружјето со Русија

Американската администрација планира да назначи преговарач што ќе ги следи нуклеарните разговори со Русија, пишува „Политико“, повикувајќи се на поранешни американски официјални претставници.

Преговарачот би дејствувал како специјален пратеник фокусиран на разговорите за контрола на оружјето, се вели во статијата.

„И додека Москва, најверојатно, ќе биде негов/нејзин основен преговарачки партнер во странство, Трамп може да инсистира преговарачот да ја преземе уште потешката задача да ја убеди Кина да се вклучи во ваквите дискусии“, пишува „Политико“, додавајќи дека потрагата трае од крајот на минатата година.

Ниту американскиот Стејт департмент ниту Советот за национална безбедност на Белата куќа сè уште не коментираа за ТАСС за ова прашање.

Имињата кои циркулираат за улогата ги вклучуваат поранешниот амбасадор и нуклеарен преговарач Ричард Барт; претставникот на Министерството за финансии, Маршал Билингсли, и поранешниот советник за национална безбедност на Џорџ В. Буш, Стивен Хедли. Барт одбил да коментира, а Хедли и Билингсли не одговориле на пораката за коментар./Makfax

Спонзорирано: