15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТИЗБОР

Уште 44 случаи на коронавирус на крузерот со македонски државјани, заразени вкупно 218

Уште 44 лица кои се наоѓаат во крузерот „Дајамонд принцес“, закотвен крај јапонскиот брег, а во кој има тројца македонски државјани, се заразени од коронавирус, со што вкупниот број се искачи на 218.

На крузерот закотвен крај градот Јокохама има вкупно 3.500 патници, а од 713 колку што досега се тестирани, 218 се покажале позитивни на коронавирус.

Јапонија објави дека ќе им овозможи на некои постари патници кои биле тестирани негативно за коронавирус да се симнат од крузерот пред истекот на рокот за карантин на 19 февруари.

Според јапонските медиуми, околу 80 проценти од патниците на крузерот се над 60-годишна возраст.

Македонските државјани на крузерот во Јапонија се во добра здравствена состојба, соопшти Министерството за надворешни работи.

Крузерот од почетокот на овој месец е во карантин откако кај еден патник, кој слегол во Хонгконг, бил дијагностициран коронавирусот. Бројот на заразени на бродот постојано расте./Makfax

Спонзорирано: