10.8 C
Скопје
18. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Убиство во центарот на Атина, судир на странци на познатиот градски плоштад

Едно лице загина, а друго е повредено во судир на двајца странци во центарот на Атина.

Судирот се случил во близина на централниот градски плоштад Омонија, пренесува „Катимерини“.

Полицијата соопшти дека дошла на местото на настанот по повикот за пукање на плоштадот каде што, откако пристигнала, пронашла чаури, но засега не е јасно дали жртвите, кои, наводно биле странци, биле застрелани или прободени со ладно оружје.

Повредениот бил пренесен во болницата „Евангелизмос“, а полицијата ги утврдува околностите под кои се случил настанот./Makfax

Спонзорирано: