11.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Поради коронавирусот, училиштата во Хонгконг затворени до 16 март

Во Хонгконг училиштата ќе бидат затворени до 16 март за да се спречи ширењето на коронавирусите во градот, каде што се потврдени 50 случаи слични на грип.

Градскиот секретар за образование Келвин Џунг изјави дека основците и средношколците од продолжениот распуст нема да се вратат во клупите до половината од март.

Одлуката е донесена на советот на здравствените работници.

АП потсетува дека учениците требало да се вратат на училиште на 17 февруари, но тогаш паузата е продолжена до 2 март.

Во Хонгконг едно лице почина од коронавирус./Makfax

Спонзорирано: