Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Каевски на „Само вистина“: Прават гафови и инциденти кои ја загрозуваат перспективата на нашата земја

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во неговото гостување на „Само вистина“ на Канал 5, на прашање на водителката го коментираше предлогот на премиерот Спасовски за разрешување на техничката министерка Мизрахи. Според Каевски, однесувањето на Мизрахи и играњето со таблата е инцидент кој ја загрозува европската интеграција на нашата земја.

„Министерката, која што не го почитува Уставот на нашата држава, направи еден таков гаф којшто дополнително може да направи проблем во нашата евроатланска иднина. Дополнително вето, значи дека дополнително државата ќе ја врати многу чекори назад, дополнително ќе се загорзи стабилноста, дополнително ќе се загрозат перспективите и иднината на нашата држава“, истакна директорот на Агенцијата за млади и спорт, Каевски.

„Најголем апсурд што се случува е што пратениците на ВМРО ДПМНЕ во Собрание гласаа за ратификацијата и нашата држава да биде дел од НАТО, а од друга страна се случуваат вакви инциденти, за нив можеби се мали, но суштински се многу важни инциденти, кои што ја загрозуваат перспективата на нашата држава.“, рече првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Каевски.

спонзорирано: