9.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Каевски на „Само вистина“: Нашата држава има прогрес, оди напред, а ВМРО-ДПМНЕ намерно се обидува да ја загрози европската перспектива

„Цел европски врв ни признава за сето она што сме го направиле, ни признава за прозападните политики кои што ги правиме, ни признава за сето тоа што сме го направиле во изминативе две години“ нагласи претседателот на СДММ, Дарко Каевски во неговото гостување на „Само вистина“ на Канал 5.

„За голема среќа на сите граѓани вие нема да дојдете на власт. Граѓаните знаат во каква демократија живеат, да не правиме паралели што се случуваше 11 години кога се тепаа студенти, каде што се тепаше секој што размислуваше поинаку од Владата, кога немаше критичка мисла, кога немаше дебати вакви како што гостуваме вечерва. За 11 години не само не што не отидовте напред се вративте многу чекори назад.“, го потсети Каевски неговиот соговорник Андоновски од ВМРО-ДПМНЕ.

Каевски, меѓу другото, го праша Андоновски од ВМРО ДПМНЕ зошто неговата партија го проблематизира македонскиот идентитет. „Вие како ВМРО ДПМНЕ, јас очекував пред се дека младите луѓе ќе покажат различност од сениорите во вашата партија. Зошто имате проблем со македонскиот идентитет? Зошто го потенцирате и го наметнувате како теза дека македонскиот идентитет е допрен? Ние сме Македонци, и тоа е признаено, и во многу наврати ви го потенцираме. Тие што беа против тоа денес не признаваат и го покажуваат тоа. И дадовме имотен лист на нашата држава, сме признаени буквално од сите големи сили“, нагласи Каевски.

„Граѓаните знаат што прави ВМРО ДПМНЕ и какви кочници прави во овој период и колку пати во изминатиот период вие немавте став по одредени прашања, како што немавте став кога беше референдумот. Тоа многу добро го знаат граѓаните“, потсети Каевски.

Каевски го коментираше и предлогот на премиерот Спасовски за разрешување на техничката министерка Мизрахи. „Секој којшто не го почитува Уставот не е достоен да ја врши таа фунцкија. Ја почитуваат додавката Северна само кога треба да добијат плата, ако не е тоа дневно политиканство, во најмала мера, треба да се откажат и од платата и од сите бенефиции кои што ги има како министер. Ако е достојна министерката нека се откаже од нејзината плата, нека се откаже од нејзиниот шофер , од возилото коешто патем го користи за партиски состаноци, партиски цели, дури и ДКСК јавно излезе и укажа дека не треба да се користат владините ресурси за партиски цели. Ние како СДСМ ги почитуваме сите тие принципи а од друга страна имаме министерка која што буквално ги крши и во најмала мера ги злоупотребува“, истакна тој.

„Најголем апсурд што се случува е што пратениците на ВМРО ДПМНЕ во Собрание гласаа за ратификацијата и нашата држава да биде дел од НАТО, а од друга страна намерно ја загрозуваат перспективата на нашата држава“, рече Каевски.

Спонзорирано: