Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Каевски до Андоновски: За голема среќа на сите граѓани вие нема да дојдете на власт

„За голема среќа на сите граѓани вие нема да дојдете на власт. Граѓаните знаат во каква демократија живеат, да не правиме паралели што се случуваше 11 години кога се тепаа студенти, каде што се тепаше секој што размислуваше поинаку од Владата, кога немаше критичка мисла, кога немаше дебати вакви како што гостуваме вечерва, кога немаше ништо што беше во насока да ја промовира демократијата во државата или со еден збор немаше демократија во 11 години…“, му порача директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, во неговото гостување на „Само вистина“ на Канал 5, на неговиот соговорник Андоновски од ВМРО ДПМНЕ. „За 11 години не само не што не отидовте напред се вративте многу чекори назад, името тогаш за сите меѓународни настани, организации, активности што се случуваа беше FYROM.

Направивте таква антиквизација, таква изолираност на државата каде што буквално ни еден од соседите не не’ признаваше, ниеден од соседите не сакаше да седне, да разговара сонас. Сега сите држави не признаваат, “, рече првиот човек на Агенцијата за млади и спорт, Каевски. „Цел европски врв ни признава за сето она што сме го направиле, ни признава за прозападните политики кои што ги правиме, ни признава за сето тоа што сме го направиле во изминативе две години. Во нашата држава дојдоа еден голем број на европски политичари кои што ни признаваат и даваат признание и чест за сето она што го имаме сработено. Нашата држава има прогрес, оди напред, тоа го признаваат сите апсолутно, од прв до последен и граѓаните го препознаваат но и сите релевантни европски политичари“, нагласи Каевски.