10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Американската армија повторно го активира Петтиот корпус заради зајакнување на Европа

Американската армија повторно активираше ново седиште на корпусот, наречен Петти корпус, во кој се вклучени 635 војници стационирани во Форт Нокс, Кентаки и други 200 војници во оперативен команден центар во Европа, кои меѓусебно ќе се ротираат, пренесува „Арми тајмс’.

„Арми тајмс“ наведува дека целта на повторното активирање на корпусот по седум години е зајакнување на Европа.

Станува збор за корпус што беше активиран за време на Првата светска војна и деактивиран во 2013 година во германскиот град Визбаден, а неговите единици беа распоредени и на КиМ во 1999 година, откако во се постигна мировен договор, пренесува globalsecurance.org.

Седиштето на корпусот се очекува да биде оперативно до есен, иако не е утврдена локацијата за војниците на корпусот во Европа, изјави портпаролот на армијата, Робин Окоа./Makfax

Спонзорирано: