7.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Експлозии во две пошти во Холандија, се сомневаат на писмо-бомба

Во поштите во Амстердам и местото Керкаде, на југот на Холандија, одекнаа експлозии, а полицијата се сомнева дека се работи за писмо-бомба во двата случаи.

Според првичните полициски информации, никој не е повреден, пренесува „Ројтерс“.

Засега не е познато дали двете експлозии се поврзани, објави порталот nltimes, повикувајќи се на локалната полиција.

Стручни лица за експлозивни направи се на самото место.

Холандската полиција испитува серија случаи на писма-бомби од 3 јануари, за кои претпоставуваат дека се испратени од исто лице.

Претходно насочени беа бензинските пумпи, хотелите, гаражите, канцелариите на агентите за недвижнини.

Ниту една од овие пратки не експлодирала./Makfax

Спонзорирано: